ВИДЕО: Мистериозен остров што не може да се посети

Од:

На Сентинел кој што е еден од Андаманските острови во Бенгалскиот залив, живее племе поради кое и власта која што е надлежна за тоа подрачје, стравува да го посети.

Се работи за изолирана цивилизација, која што живее без мобилни телефони, интернет и компјутери, но и е непријателски настроена, поради што ова место го опишуваат како област на Земјата која што најтешко може да се посети.

Инаку племето живее во шума, не обработува земја, а се храни со диви свињи, риба и овошје.

Многумина тврдат дека секој што ќе сака да го посети ова место, тие ќе го дочекаат со стрели и копја.

Тие се непријателски настроени дури и кон лица кои што сакаат да им пружат хуманитарна помош. По катастрофалното цунами што во декември 2004 година го погоди Индискиот океан, група спасувачи се упатила со хеликоптер да му помогне на племето. Тие започнале на земјата да фрлаат пакети со храна, но племето излегло од шумата и со стрели гаѓало кон хеликоптерот.

Од островот се откажа и Индија 

Иако островот е дел од Индија, по неколкуте неуспешни обиди да се воспостават пријателски односи од 1964 година, индијската влада се откажа од Сентинел.

Посетите на островот се забранети, а воената морнарица е задолжена да внимава туристите и истражувачите да не се приближат до него.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска