ВИДЕО: Мистериозен оган веќе 2.500 години гори во Турција

Од:

На југозапад на Турција на планините над Анталија, веќе 2.500 години гори оган, кој излегува од карпите, а кој не можат да го изгаснат ниту дожот, ниту снегот.

Одговор на ова чудо даваат Џузепе Етиопе од Националниот институт за геофизика и вулканологија во Рим и Артур Јонеск од Универзитетот Бабеш Бољаи од Романија.


Имено тие овозможувајќи му на метанот да се формира во лабораториски услови на температури под 100 степени Целзиусови, слични со температурите во Јантарас, велат дека реткиот метал рутениум кој што е пронајден во магматските карпи на ова место, може да дејствува како катализатор.

– Резултатите покажуваат дека производството на абиотичен метан е можно на значително пониски температури, од оние за кои порано се претпоставуваше- вели Мајкл Витикар од Универзитетот Викторија во Канада.

Ова е прв експеримент кој покажува дека недопрениот рутениум, кој се наоѓа во Јантарас може да дејствува на ваков начин.

– Според ова можно е и на друго место во светот да има значителни количини на абиотичен метан, поради што би можеле да тргнеме во потрага по нови извори на јаглероводород- рече Етиопе.

Инаку овие пламени во минатото им го покажувале патот на морепловците, а денес се туристичка атракција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска