ВИДЕО: Мистерија на дното на Балтикот-НЛО или таен бункер?

Од:

Кога шведските нуркачи во 2011 година на дното на Балтичкото море здогледаа необичен тркалезен објект со големина од 60 метри, веднаш го поистоветија со вселенскиот брод „Милениум“ од серијата Стар Ворс. Меѓутоа и по толку години, научниците ниту денеска не се сигурни за што станува збор. Објектот кој лежи на дното на заливот помеѓу Шведска и Финска има два влеза и заоблени рабови.

Додека некои сметаат дека се работи за НЛО, други тврдат дека е потонат бункер од Втората светска војна. Теоретичарите меѓутоа сметаат дека се работи за остаток од глечер или за совршена геолошка формација.

На тие кои што веруваат во теориите за НЛО во прилог им оди трагата која се наоѓа на дното на објектот долга околу 300 метри така што изгледа дека бродот се движел додека конечно не застанал токму на оваа позиција.

Една од теориите е дека тоа би можело да биде древен храм стар 14.000 години, а е дело од некоја многу напредна цивилизација.

– Мојата хипотеза е дека оваа структура настанала во текот на леденото доба пред многу илјади години, рече професорот на универзитетот во Стокхолм, Волкер Брухерт.

Интересна беше уште една појава, кога група истражувачи позната како “Тим оушп екс“ доживеа несекојдневна работа истражувајќи го овој мистериозен објект. Сите електронски уреди престанаа да им работат кога без во близина на објектот.

-Било што од електро уредите и сателитскиот телефон престанаа да работат кога бевме над објектот. Дека не се работи за случајност, сфативме кога опремата проработи со самото оддалечување на 200 метри од објектот, но повторно престана кога се вративме до објектот, рече истражувачот Стефан Хогерборн.

Овој истражувачки тим е длабоко уверен дека е пронајдена аномалија на дното на Балтикот и не е од природно потекло. Сметаат дека ја крие вистината за тоа што е всушност овој објект.

-Владата досега неколкупати не има излажано. И да, тие прават се што можат за да не уништат, порачаа од Оушн Екс.

Би можело да ве интересира

Србија подигна воени авиони: забележан неидентификуван летачки објект

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) „Досијеа икс“ на француски начин: научници го објаснуваат феноменот НЛО

Катерина Ѓуровски

Вонземјани го киднапираа мојот дедо: Легендата на УФЦ верува во живот на други планети

Предраг Петровиќ

Лекарите ја завршија анализата на наводните вонземјани, нивните заклучоци ја искомплицираа ситуацијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

ВИДЕО: Селаните во Перу бараат воена помош поради „напад од вонземјани“

Предраг Петровиќ