Пејачот Дино Мерлин се прости од легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ преку социјалните мрежи.
Тој на својот Инстаграм профил објави емотивно видео. На снимката тој ја пее песната „Не го сакам јануари“, а наместо „јануари“, Мерлин пее: „Не го сакам февруари“.
Мерлин не можеше да ги контролира своите емоции, па со солзи се прости од Балашевиќ.