Последниот концерт на Мерлин Менсон е окарактеризиран како тотално фијаско. Голем број на фанови биле фрустрирани откако Мерлин донел час и пол на концертот во Њујорк.
Кога конечно излезе на бината започна со пеење без извинување, а откако испеа три песни прекина. Мерлин бараше публиката да му каже дека го сака за да продолжи со пеење.
Фановите започнаа да викаат дека си ги сакаат парите назад и го гаѓаа со шишиња и пластични чаши додека се симнуваше од бината.
По некое време Менсон се врати на сцената и продолжи да пее со чуден глас, а по неколку песни го прогласи концертот за готов.