„Им даваше на девојките дрога и алкохол, ги тераше да се соблекуваат и им ги оценуваше градите“ – нови обвинувања против Мерилин Менсон

Од:

Нови обвинувања за сексуално злоставување и бизарно однесување беа изнесени денеска од неколку жени против американската рок ѕвезда Мерилин Менсон, кој неколку недели е на тапет во јавноста поради наводите за слични злоупотреби.

Според британскиот весник „Мирор“, за време на турнеја низ Велика Британија, Менсон доведувал девојки во својот автобус и ги терал да се соблекуваат, организирајќи бизарна сексуална игра.

Сведоци кои биле во автобусот тврдат дека рокерот им давал дрога и алкохол на девојките, ги терал да ги соблекуваат маиците, а потоа им ги оценувал градите.

Фотографката Ерика фон Стајн била во група обожавателки кои имале пристап до автобусот на Менсон, но вели дека го избегнувала музичарот, откако почнал да им кажува на девојките да се соблекуваат.

„Велеше дека сака да види која има најдобри гради и задник. Сите беа изненадени, но тој тоа го сметаше за нормално, за нешто забавно. Околу него имаше постари луѓе, но тој беше доминантен. Мислам дека никој не се осмели да каже не,“ изјави фон Стајн за весникот, кој по нејзината изјава добил сведоштва уште од две жени кои биле присутни во автобусот.

„Девојките беа приморани да го прават тоа под влијание на алкохол или дрога. Тоа беше злоупотреба на моќ,“ изјавила една од двете жени.

Менсон беше обвинет на почетокот од месецов, кога актерката Еван Рејчел Вуд истапи во јавноста со сведоштво дека со години била изложена на „страотно злоставување“ од страна на контроверзниот рокер.

Уште четири жени кои го обвинуваат 52-годишниот музичар, чие вистинско име е Брајан Хју Ворнер, истовремено на Инстаграм објавија постови со сведоштва за наводното сексуално малтретирање и психофизичка тортура што го трпеле од славниот рокер.

Тој во изјава оваа недела ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „страшно искривување на реалноста“.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

81-годишник сексуално злоставувал дете, се бара притвор

Една година сексуално злоставувала близнаци-и се закануваат многу години затвор

Предраг Петровиќ

Тренчевска: Годинава три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација

Ана Ололовска

Свештеникот Милан Шпехар призна дека сексуално злоставувал 13 момчиња на возраст од шест до 13 години