(ВИДЕО) Масовна тепачка на свадба во Турција

Од:

На свадба во турскиот град Адана се случи тепачка која резултираше со хаос. Гостите дојдоа од различни краеви на Турција со различна народна и традиционална музика, а честите промени на песните предизвикаа напнатост помеѓу гостите на младоженецот и невестата.

Гостите и од двете страни биле навредени што другите имаат предност и повеќе играат на музиката што ја сакаат.

Караницата прераснала во масовна тепачка, летале шишиња , пластични столици и други предмети.

Младоженците влегле во автомобилот и заминале за да го избегнат хаосот. Полицијата која пристигнала веднаш, едвај успеала да ги раздвои двете страни но никој не бил уапсен зошто немало поднесено ниту една тужба.

Би можело да ве интересира

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Жена истепала продавачка во центарот на Скопје

Тепачка во средно училиште, се истепале двајца малолетници

(ВИДЕО) Општа тепачка на боксерски турнир: Летаа столици, повредени се и болничарите

Горан Наумовски