Компанијата ESTI подготвува револуција на пазарот за паметни телефони и маски за истите со нивниот последен изум, со кој што добивате многу повеќе од само заштита и батерија.
Eye претставува заштитна маска за Ајфон 7 плус, меѓутоа таа има и свој 5 инчен екран, до 256 гигабајти меморија, сим слот, додатна батерија и Андроид оперативен систем.
Користејќи ја оваа маска, всушнот вие добивате iOS и Андроид смартфон во едно.
Производот се уште е во фаза на развој и произведени се само прототипи за тестирање и развивање на можностите на маската.
Батеријата која што е вградена во оваа маска ќе може да го полни Ајфонот, како и да го напојува Андорид системот, а нуди и можност за бежично полнење како на таа батерија, така и на батеријата на вашиот Ајфон.
Според најавите на компанијата која што го поризведува овој производ ќе има можност и за користење на камерата од Ајфонот на Андроид системот, со што ќе овозможи сликање селфи во висок квалитет.
Проектот е поставен на KickStarter, каде што се собираат средства за развој, а кога ќе биде готов цената се очекува да се движи од 190 до 230 долари.