Чикаго е живописен град полн со чуда, прикажани во новото видео под име „Ноќите на Ветровитиот град“ (Windy City Nights).
Проектот е на Макс Вилсон, кој објаснува дека неговото дело е резултат на двегодишни прошетки по улиците на Чикаго и тоа исклучиво ноќе.
– Овој проект го почнав во април 2012 година, откако самиот бев инспириран од снимката „Ние сме Чикаго“ на Рос Гербаси. Во тоа време снимав тајмлапс снимки и редовно вежбав.
Нешто во светлата и ноќите в Чикаго е волшебно. Тоа е единствен град со исклучителна архитектура, вели тој.