ВИДЕО: Леб плетенка

Од:

Уживате во вака испечениот леб …

Потребно е:
500 гр бело пченично брашно
340 мл млака вода
1 кесичка сув квасец
10 гр сол
2 лажици маслиново масло
1 жолчка, за премачкување
семки сусам, ким, за посипување

Подготовка:
– Помешајте го брашното со сувиот квасец. Додадете го маслиновото масло и млаката вода и замесете меко тесто. На крај додадете ја и солта и повторно измесете го тестото околу 10 минути. Тестото ставете го на топло место и оставете да стаса.

– Додека тестото нараснува анализирајте преку следното видео како да исплетете плетенка од 8 делови тесто.

– Стасаното тесто, по околу 30 минути стоење, поделете го на 8 топчиња. Топчињата со сукало развлечете ги во форма на краци со дијаметар 40-45 см.

– Исплетете го лебот и оставете го да одмори 20-тина минути. Потоа премачкајте го со изматена жолчка и поипете со семки по желба.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да добие убавла златно-кафена боја. проверете со чепкалка за заби дали е печен.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска