ВИДЕО: Креација со 4.000 бисери и 5.000 кристали ја воодушеви публиката од Париз

Од:

Либанскиот дизајнер Ели Сааб ја претстави новата колекција за висока мода и на пистата во Париз ги донесе дваесетите години од минатиот век.

A post shared by ELIE SAAB (@eliesaabworld) on

Меѓу многуте интересни комбинации, највпечатлива креација беше фустанот изработен од четири илјади бисери и пет илјади стаклени камчиња.

A post shared by ELIE SAAB (@eliesaabworld) on

Имено, Сааб сите свои креации ги украси со светки, пердуви, посебни навезени делови, но фустанот со геометриски мотиви украсени со сребрени светки, кристали и микроскопски кругови поставени преку материјалот во боја на кожа ја восхити публиката на ревијата во Париз.

Креацијата не воодушеви само со својот изглед, туку и со трудот вложен во нејзината изработка.

Тим од 12 луѓе работеле три месеци на тоалетата која има четири илјади бисери и пет илјади камчиња со различна величина и облик.

Дизајнерите работеле 500 часа, а три седмици им требале само за везот. Величествената креација на ревијата во Париз ја носеше хрватска манекенка.

Сааб изјави дека Great Getsby бил инспирација за поголемиот дел од неговите креации преку кои сака да ги оживее дваесетите години и тогашната радост во живеењето.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски