ВИДЕО: Краци покриени со пердуви и канџи: Откриено необично суштество во длабочините на океанот

Од:

Необично суштество, како и многуте бројни подводни безрбетници, е пронајдено во јужниот океан на Антарктикот, пренесува Times Now News.

Антарктичката пердувна ѕвезда или Promachocrinus fragarius може да достигне должина до 20 сантиметри.

Станува збор за морска ѕвезда која е единствена по својата големина, а изгледа како чудовиште од култната научно-фантастична серија „Осмиот патник“. Изгледа како медуза, но има 20 краци покриени со пердуви и испакнатини, како и мали канџи кои се држат за морското дно. Обликот на телото наликува на јагода.

Ѕвездата од пердуви на Антарктикот или Promachocrinus fragarius може да достигне должина и до 20 сантиметри, а беше пронајдена во мрежата на истражувачите за време на експедицијата што го испитуваше мистериозниот морски свет во периодот од 2008 до 2017 година.

Невообичаеното откритие беше документирано во средината на јули во списанието „Invertebrate Systematics“.

Ова необично суштество живее на длабочини помеѓу 20 и 2000 метри, а неговата боја варира од виолетова до темно црвена. Со текот на годините, научниците открија осум нови видови, од кои четири никогаш претходно не биле именувани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Боинг 787 слета на ледена писта на Антарктикот

Катерина Ѓуровски

Во Антартикот се измерени рекордно најтопли температури

А1он

Бројот на белите мечки во Арктикот во пораст

Ана Ололовска

Ледниците на Антарктикот забрзано се топат

Емир Латифовиќ

Насуканиот руски брод ќе ја дочека новата година на Антарктикот

Ана Ололовска

Мразот на Антарктикот ги открива ефектите на глобалното затоплување

Емир Латифовиќ