ВИДЕО: Кометата Неовајс викендов за последен пат ќе биде видлива со голо око

Од:

Кометата Неовајс викендов за последен пат ќе биде видлива со голо око. Нејзиното следно појавување ќе биде за шест милениуми.

Кометата се појавува на северозападниот дел од небото, 90 минути по заоѓањето на сонцето.

Неовајс е првата комета која може да се види со голо око во западната хемисфера во последните десет години.


Кометата може да се набљудува од места каде нема „светлинско загадување“, односно подалеку од населените места.

За полесно да се набљудува кометата, човекот треба да ги адаптира своите очи на темно осветлување. Препорачливо е дваесетина минути воопшто да не се гледа во мобилниот телефон, бидејќи светлината која доаѓа од него нема да дозволи јасно да се види кометата.


Членовите на Скопското астрономско друштво направија неколку фотографии и видеа од кометата Неовајс додека таа била видлива од околината на Скопје.


Според НАСА, Неовајс е формирана пред 4,6 милијарди години. Таа има дијаметар од пет километри, а зад себе остава трага од согорени гасови.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата