ВИДЕО: „Ќе бидеме светски прваци“ во кината од 19. март

Од:

Од продуцентите на српската филмска и ТВ сага „Монтевидео“, фирмата „Интермедиа Нетворк“ (Intermedia Network), доаѓа уште една вистинита спортска приказна која е посветена на кошарката.

bicemo-prvaci (1)

Филмот „Ќе бидеме светски прваци“ за основачите на познатата „југословенска школа за кошарка“ и за првиот златен медал на светското кошаркарско првенство во Љубљана во 1970 година го режираше Дарко Бајиќ. Сценариото го напиша Небојша Ромчевиќ во соработка со Гордан Михиќ и Огњен Свиличиќ, по идеја на Звонимир Шимунец кој воедно е и автор, и со Дејан Петровиќ, продуцентот на овој значаен проект.

bicemo-prvaci (3)

Главните улоги на пионерите на кошарката на нашите простори ги играат млади глумци. Улогата на Небојша Поповиќ, кој како „првиот меѓу еднаквите“ го започна „кошаркарскиот бум“ во поранешна Југославија, ја игра извонредниот млад актер Страхиња Блажиќ. Милош Биковиќ е во улога на Радомир Шапер, претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Југославија. Александар Радојчиќ го толкува ликот на Бора Станковиќ, кој беше првиот човек на ФИБА, додека Марко Јанкетиќ е во улогата на Александар Николиќ, творецот на југословенската кошаркарска школа, кој воспоставил специфична филозофија за играњето на овој спорт.

Во останатите улоги играат глумци од Србија, Хрватска, Словенија и Македонија: Леон Лучев, Сергеј Трифуновиќ, Ива Бабиќ, Небојша Дугалиќ, Нина Јанковиќ, Тамара Драгичевиќ, Стефан Капичиќ, Јуре Хенигман, Горан Богдан, Радован Вујовиќ, Тони Михајловски, Роберт Курбаша, Крешимир Петар Ќосиќ, Сашко Коцев и други. Американскиот глумец Џон Севиџ (John Savage), најпознат по своите улоги во култните филмови „Коса“ и „Ловец на елени“, го толкува ликот на Вилијам Џонс, кој беше еден од основачите на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) во 1932 година. Филмот „Ќе бидеме прваци на светот“ е работен во копродукција со партнери од Хрватска и Словенија и е сниман на локации во Србија, Хрватска, Словенија и Македонија. Една од насловните песни на филмот ја изведува македонскиот пејач Даниел Кајмакоски.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата