ВИДЕО: Како во „Пријатели“: Младоженец го кажа името на бившата на венчавка

Од:

Постојат неколку начини на кои можете да си ја уништите сопствената свадба, а еден младоженец од Велика Британија успеа да го погоди најлошиот. Ендру Филдес (51) и неговата партнерка Ребека (46), по шест години врска, решија да го кажат своето судбоносно „Да“ во октомври минатата година. Но, она што требаше да биде најсреќниот момент во нивниот живот се претвори во непријатен момент.

Поточно, Ендру, видливо нервозен и испотен, додека ги повторуваше своите завети, наместо името на Ребека, рече – Сара, името на неговата поранешна девојка со која беше во врска 13 години.

@scalesfeathersandfur Oh dear 🫣#weddingday #weddingvowsgonewrong #nohedidnt ♬ original sound – bec_Fildes

Ендру призна дека бил целосно уништен од сопствениот лапсус: „Тоа е најлошиот кошмар – да го изговориш името на твојата бивша на сопствената свадба. Но, искрено, дури и не го сфатив тоа во тој момент. Ребека ме поправи, мојот брат го покри лицето со раката, а мојот син ја затресе главата. Тогаш ми стана јасно дека сум направил ужасна грешка.“

Тој исто така објасни дека сè е комбинација од нервоза и несреќна случајност: „Средното име на Ребека е исто така Сара, па затоа ги измешав имињата во паника.“

Наместо филмско сценарио каде невестата луто бега, Ребека ја сфати ситуацијата со хумор и само се насмеа. „Ја видов неговата нервоза и препознав колку му беше тешко да зборува пред сите. Само се насмеав.“

Таа дури и објави видео од моментот на TikTok со опис: „Кога сопругот ќе ти се обрати со името на неговата бивша на твојата свадба.“

Видеото брзо стана вирално, а коментаторите веднаш направија споредби со легендарната сцена од „Пријатели“, кога Рос го изговара името Рејчел на свадбата на Емили.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он

МВР: Уапсен е командир кој пукал со оружје на свадба

Инцидент на свадбена веселба во Полог