Неверојатно ниските температури покрај тоа што предизвикаа проблеми на милиони луѓе на источниот брег на САД, во исто време создадоа и преубави призори.
Меѓу нив се водопадите на Нијагара, кои делумно замрзнаа откако температурите се спуштија до 10 степени под нулата.
Според предвидувањата на метеоролозите популарната туристичка дестинација, подолго време ќе остане замрзната.
Инаку местото сепак привлече многу туристи и фотографи, кои во живо сакаат да го видат спектакуларниот призор и да го овековечат со своите објективи.
Е. Г.