Дали некогаш сте се запрашале што би било поразлично доколку земјата се врти во спротивна насока?
„Би-Би-Си- Фјучр“ им го постави тоа прашање на научниците, кои открија интересни детали за ротацијата на Земјата.
Доколку стоиме на екваторот, Земјата под нас се врти со брзина од 1.670 километри на час, што влијае на движењето на брановите и струењето на воздухот.
Ако се се промени, Сахара би била едно од местата со најмногу дожд на Земјата, калифорниските пустини би биле влажни, а мочуриштата на Флорида целосно би пресушиле.
Од друга страна, кога пак ротацијата на Земјата би забавила, сончевата страна би била се потопла, а темната ледена. Земјата цело време успорува, но тој процес се одвива многу бавно.
Денеска земјадата ротира побавно за 1,7 милисекунди отколку пред илјади години, а со тоа темпо таа целосно би застанала за 1,9 трилиони години.