Откако беше спасено од улица, ова кутре стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи поради опашката што му расте од челото, па токму затоа го нарекоа кадифен еднорог, пренесува Index.hr.
Вработените во центар за поддршка на напуштени кучиња „Мек питбул“ му го дадоа името Нарвал по кит кој има рог.
Многумина се прашуваа дали кучето врти со опашката кога е среќно, како што прават кучињата со вообичаена опашка.
Одговорот е не.
„Опашката на челото не е поврзана со ништо и нема никаква примена.
Иако многумина сакаат да го згрижат кутрето тоа сè уште не е подготвено за тоа, затоа што ветеринарите сакаат некое време да го следат неговото здравје.