Овие скали не водат до небото, но чувството е слично. Скалите се наоѓаат на стрмна карпа и на висина од околу 400 метри и водат до стаклениот балкон, од кој имате преубав поглед на австрискиот глечер Дахстајн. Единствен поблем е што тлото под вас може да ви ја помати свеста.
– Скалите кои не водат никаде се наметени за посетителите, кои имаат нерви од челик, напишано е на Интертнет страницата на одмаралиштето.
Висечкиот мост е сместен во близина на градот Шладминг. По четиринаесет чекори по високата карпа стигнувате до стаклениот балкон од кој имате преубав поглед на околните планини.
Наградата е чиста слобода, додека стоите тука имате чувство дека лебдите. Висечкиот мост е долг сто метри. Неговата изградба траела шест месеци и е највисок во Австрија.
– Воодушевен сум од фактот дека успеавме да постигнеме договор со властите за зачувување на природата и да им пружиме на посетителите сензација, која остава без здив и нуди поглед на Алпите, изјави техничкиот директор на одмаралиштето Карл Хефлехнер.