На шест метри високата платформа на реката Хадсон во Њујорк , американскиот илузионист0 Дејвид Блејн започна нов експеримент.
Блејн од 5-ти октомври е на удар од струја од милион волти, три дена без спиење, јадење и пијалаци.
Единствено ќе може да зема вода низ специјална сламка, а постои и одвод за урина.
За да се одбрани од струен удар, ќе носи специјално направено одело, чевли со железни ѓонови и кацига, со што струјата нема да дојде во допир со неговата кожа.
Ако на било каков начин дојде во допир со струјата, тимот за надзор ќе може да ја исклучи електричната енергија.
Целиот зафат наречен „Electrified“ подеднакво ја користи технологијата и науката за да се создаде незаборавен спектакал.
Маѓионичарот кој во кариерата беше закопан жив и замрзнат, последен пат ја забавуваше публиката пред четири години, висејќи на Централ парк, без сигурносна мрежа, цели 60 часа. Под вода издржа 17 минути и 4 секунди.
Сепак, вели, ова е најсмелото нешто што го направил до сега.
Набљудувачите кои ќе се затекнат на местото на настанот ќе можат да му испраќаат пораки и да му помогнат да остане буден. Заинтересираните ќе можат цел перформанс да го следат во живо на Youtube, благодарејќи на компанијата Intel.