ВИДЕО: Успеа да „телепортира“ четворица на сред улица и милиони сега бараат логично објаснување

Од:

Антонио Дијаз, илузионист со уметничко име Ел Маго Поп, воодушеви милиони ширум светот со совршено изведен трик. Пред некој ден во Њујорк успеа да „телепортира“ четворица од една во друга стаклена кутија, во живо пред камери и стотици сведоци.

Видеото поттикна многумина да се обидат да откријат како го направил тоа.

Така, некои мислат дека луѓето во кутијата биле негови соработници кои воопшто не биле случајно избрани како што Дијаз се обидел да ги прикаже и дека секоја личност имала близнак или некој со речиси идентична физиономија.

Можно е, исто така, Дијаз да го направил трикот со помош на луѓе со исклучително флексибилни тела кои успеаваат да се сокријат на дното на кутиите за само неколку секунди.

Се разбира, нема потврда дека оваа теорија е целосно точна, но се чини дека има смисла.

Би можело да ве интересира

Неверојатни примери на суеверија ширум светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Илузионист од Њујорк против Никола Тесла

Ана Ололовска