Хотелот Сала Силвергрува, во близина на Стокхолм се наоѓа 155 метри под земја. Хотелот е изграден во поранешен рудник за сребро и има неколку соби, од кои дел се наоѓаат на површината, а другите длабоко под земја.
Необичниот угостителски објект е опремен според највисоки стандарди, а располага и со луксузен апартман, сместен на самиот крај од рудникот, на 155 метри длабочина, во кој ноќевање чини 500 евра.
Хотелот им овозможува на гостите можност да прошетаат низ напуштените окна и да се запознаат со едно од највозбудливите поглавја во историјата на индустријализацијата.
Дел од рудникот е преуреден во просторија за културни случувања, прослави, венчавки и конференции.