Една од камерите што снимаа вулканска ерупција во живо во националниот парк „Вулкани на Хаваите“, била проголтана од лавата, но не се расипала.
„Гоу-Про“ камерата продолжува да снима и откако е зафатена од течната огнена маса, на 1.000 степени Целзиусови. Снимен е и моментот кога сопственикот на уредот, Ерик Сторм го наоѓа и го прибира, откако лавата се засушила и оладила.