ВИДЕО: Харис објави предизборен спот, Трамп вели „глупав е“

Од:

„Што се случува зад параванот, останува зад параванот“. Во последниот спринт на кампањата за претседател на САД, овој краток клип прикажува жена која гласа за Камала Харис, криејќи го овој факт од нејзиниот сопруг.

Во краткото видео од 30 секунди, со гласот на актерката Џулија Робертс, парот пристигнува на избирачко место. Нивните капи со патриотски симболи сугерираат дека се двајца поддржувачи на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.

Но, има пресврт – сопругата ја заокружува Камала Харис, откако разменува заговорнички поглед со жената спроти неа, зад друг параван. „Никој ништо нема да знае“, вели гласот, а потоа сопругот прашува: „Дали добро избра?“. Жената одговара: „Да, драги“.

Доналд Трамп го критикуваше видеото како „глупаво“ и праша: „Можете ли да замислите жена да не му каже на својот сопруг за кого гласала?“. На конзервативната мрежа Фокс њуз, познат водител рече дека би го сметал за изневерување доколку неговата партнерка гласа за Харис.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро