(ВИДЕО) Хаос на свадба во Србија: Сватовите се степааа со обезбедувањето, седум лица повредени

Од:

Необична тепачка на свадба се случила минатиот викенд во Мионица, град во западна Србјија.

Имено, во новоотворениот луксузен ресторан дошло до тепачка меѓу обезбедувањето и дел од гостите на свадбата, а во тепачката учествувале младоженецот и неговиот татко.

Дошло до општа тепачка откако работниците од обезбедувањето, кои биле ангажирани од сопственикот на локалот, реагирале кога еден од гостите тропнал скршил чаша и се качил на столот.

„Кога гостин на свадбената веселба, Горан К., скршил чаша, обезбедувачот го предупредил, но набргу потоа се качил на стол, по што работниците од обезбедувањето Марко Ј. и Лазар М. го извадиле од салата и го однеле во тоалет, каде според неговите тврдења му удриле два шамари, а  настрадал и другиот гостин на свадбата, Душко Б., кој се обидел да заштити познаник. „Потоа во холот на свечената сала пред тоалетот се собраа и револтираните гости, како и младоженецот и неговиот татко, а потоа дојде до туркање меѓу гостите на свадбата и обезбедувањето“, наведуваат извори.

По тоа неколку гости на свадбата нападнале работници од обезбедувањето, кои на крајот биле принудени да побегнат од кафеаната.

„Најпрвин удар во главата добил Марко Ј. од обезбедувањето, каде настанала општа тепачка во која биле разменети повеќе удари. Во акцијата учествувал и младоженецот Марко Д. како и неговиот татко Драган, кои си размениле тупаници во главата со работниците од обезбедувањето. По извесно време работниците од обезбедувањето биле принудени да избегаат од кафеаната“, наведуваат  изворите.

Епилогот од несекојдневната тепачка се седум повредени. Драгољуб П., гостин на свадбата, се здобил со тешки повреди и му била укажана помош во болницата во Ваљево, додека младоженецот и неговиот татко се здобиле со полесни повреди. Двајца работници од обезбедувањето се полесно повредени, како и уште двајца гости на свадбата.

Истрагата за овој необичен инцидент е во тек.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов