Мештаните од малиот град Хуарин, кој се наоѓа на западот на Боливија, се најдоа во центарот на вниманието на светската јавност бидејќи тврдат дека пред една недела на улица наишле на тело на мал вонземјанин, пренесува Telemundo.
Нивното откритие следело, или така рекле, непосредно пред тој настан, виделе непознати летечки објекти на небото, односно некакви мистериозни зелени светла, но на улиците сретнале и чудни мали сенки налик на гоблини.
Телевизиската програма „Ал Ројо Виво“ успеа да дојде до снимката на овој наводен посетител од друга планета, но и да ја добие изјавата на локалниот уфолог Хуан Карлос Алиага, на кого нема да му биде лесно да дојде до поконкретен заклучок во наредните денови.
Имено, телото мистериозно исчезнало, додека на мештаните, пишуваат некои странски портали, им било кажано да се воздржат од разговор на таа тема.