Дронот што го снимаше морето покрај плажата Бонди во близина на Сиднеј сними ајкула во близина на сурферите што беа во морето.
Морското куче ловеше риба недалеку од плажата, а станува збор за бела ајкула.
„Дојде од дното како да го лансира нешто и удри во нешто што изгледаше како туна“, рече Џејсон Игледен, кој сними сè со дрон.
A drone pilot has captured a great white shark hunting off Bondi Beach, metres away from surfers.
See more videos like this here: https://t.co/hhDQuQ1top pic.twitter.com/xuCqyc5u4S
— Sky News (@SkyNews) May 3, 2019
Штом ајкулата почна да се доближува до капачите, Игледен ги повика спасувачите, кои ги евакуираа сите капачи од морето. Сè беше во ред и никој не беше повреден.
Игледен тврди дека снимањето морски кучиња со дрон спасило неколку животи во последните години.