Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по четири часа игра го совлада Австралијанецот Доминик Тим и се врати на првото место на АТП листата.
По мечот, неколку илјади Срби го чекаа да заврши со интервјуто за Еуроспорт,за заедно со него да ја прослават победата и освојувањето на 17 Грен слем титула.
Во еден момент се разви и оро на кое се фати и Новак.
— James Van Leeuwen (@jamesvanleeuwe1) February 2, 2020
-Навивачите се навистина неверојатни. Не можев да верувам колку Срби има тука. Сега е еден час по полноќ, а тие и натаму се тука. Благодарен сум им. Многумина од нив немаа шанса да бидат во Род Лејвер арената кога се играше финалето. Неверојатни се. Тие го прават овој трофеј уште поголем, рече Ѓоковиќ.