Новак Ѓоковиќ со својата екипа отпатува за Дубаи, а за време на летот се забавуваше одлично.
Бидејќи летот од Белград до Дубаи трае 5 часа, Горан Иванишевиќ планираше да спие, но Новак даде се од себе за да го разбуди.
Со маски на лицето, како превенција од коронавирус, тренерите на Ноле дремеа додека тенисерот најде начин како да се забавува.
– Друштво, не знам за вас, но јас ова го нарекувам мобинг. Што мислите? Дали Новак заслужи реванш? Сите совети се добредојдени, напиша Иванишевиќ на својот Инстаграм профил, а видеото го сподели и Новак.