ВИДЕО: Гантер од „Пријатели“ има рак во напредна фаза

Од:

Глумецот Џејмс Мајкл Тајлер, познат како „друштвено чудниот“, но симпатичен келнер Гантер од ТВ-серијата „Пријатели“, откри дека боледува од рак на простата од 4. степен. Тајлер (59) тоа го соопшти во вчерашната емисија „Денес“, раскажувајќи дека поради болеста, тој веќе не може да се движи лесно. Тој сега е на хемотерапија.

– Ми дијагностицираа напреднат карцином на простата, кој се прошири на моите коски. Се занимавам со таа дијагноза речиси три години. Сепак, тоа (сега) е 4. фаза – рак во доцна фаза, па на крајот, веројатно и ќе „ме победи“, вели Тајлер.

Тој бил третиран со хормонска терапија и прво сѐ одело добро. Но, потоа, болеста ги зафатила и коските, и ‘рбетот. Тоа довело до параплегија, т.е. парализа на долниот дел од телото. Според неговите лекари, кога доцна ќе се дијагностицира, овој вид рак има многу мали шанси да биде излекуван.

Зад себе, тој има 40 филмски и ТВ-проекти.

Би можело да ве интересира

Џенифер Анистон откри што можело да ја уништи серијата „Пријатели“

Предраг Петровиќ

Почина Гантер од серијата „Пријатели“

Ана Ололовска

Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Ана Ололовска

„Пријатели“ се враќаат на 27 мај

(ВИДЕО) Рос: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Ана Ололовска

Американците во текот на карантинот најмногу гледале „Пријатели“

Ландов