Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Од:

По признанието на Џенифер Анистон и Дејвид Швимер (Рејчел и Рос) во „Пријатели: Повторна средба“, дека за малку и навистина „ќе се фателе“ (во љубовна врска) при снимањето на серијата од предминатото десетлетие (но, наводно, ги спречувало тоа што секогаш барем еден од нив имал момче/девојка), на гостувањето на Шоуто на Џејмс Корден вчеравечер, Џенифер откри уште нешто сочно…

Имено, таа, во друштвената игра започната од водителот на емисијата, призна дека „украла“ дел од облеката и обувките што биле дел од серијата и оти ги носи и ден-денес. И тоа, не само нејзините…

На почетокот, водителот ја испеа познатата песна „I’ll Be There for You“ од најавната шпица на серија, ги превезе „Пријателите“ на сцената каде што снимија дел од својата „Повторна средба“.

Што се однесува до тоа – кој најмногу ги прекинувал сцените со смеа, Лиза Кудроу (Фиби) си призна: „Јас сум најлошата. Немам ниту тренинг, ниту дисциплина”.

Сепак, Мет Лебланк (Џои) ја издаде Анистон, наведувајќи и нејзината „Рејчел“ го правела истото, но го покривала лицето со рацете, и тоа најмногу во текот на 10-те сезони.

Би можело да ве интересира

Џенифер Анистон откри што можело да ја уништи серијата „Пријатели“

Предраг Петровиќ

Почина Гантер од серијата „Пријатели“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Гантер од „Пријатели“ има рак во напредна фаза

Ана Ололовска

„Пријатели“ се враќаат на 27 мај

(ВИДЕО) Рос: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Ана Ололовска

Американците во текот на карантинот најмногу гледале „Пријатели“

Ландов