Почина Гантер од серијата „Пријатели“

Од:

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, кој е најпознат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст.

Тајлер почина мирно, во неговиот дом во Лос Анџелес во неделата наутро, се вели во соопштението на неговиот менаџер.

Во 2018 година, на Тајлер му беше дијагностициран напреднат рак на простата, кој подоцна се прошири на неговите коски.

– Сакајќи да им помогне на што е можно повеќе луѓе, тој храбро ја сподели својата приказна, изјави неговиот менаџер.

Иако немаше исто време на екранот како шесте главни ликови од „Пријатели“, Гантер беше и остана популарна личност меѓу обожавателите на „Пријатели“.

Во мај, Тајлер накратко се појави во специјалот, за време на обединувањето на „Пријатели“, преку Зум

– Тоа беа највпечатливите 10 години во мојот живот, искрено. Едноставно не можев да замислам подобро искуство. Сите овие момци беа фантастични и беше само задоволство да се работи со нив, рече актерот тогаш во емисијата.

Ѕвездите на „Пријатели“ преку социјалните мрежи се простија од Гантер.

– „Пријателите“ не би биле исто без тебе. Ви благодариме за смеата што ја внесовте во серијата и во сите наши животи. Ќе недостигаш – напиша Џениер Анистон која го глумеше ликот на Рејчел и објави сцена од „Пријатели“ во која е со Џејмс Мајкл Тајлер.

– Џејмс Мајкл Тајлер, ќе ни недостигаш. Ти благодариме што беше со нас – напиша Лиза Кудроу која го толкуваше ликот на Фиби.

– Многу се смеевме другар. Ќе ни недостигаш. Почивај во мир пријателе – напиша Мет Лебланк кој го глумеше Џои.

– Почивај во мир Џејмс – напиша Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер.

Би можело да ве интересира

Џенифер Анистон откри што можело да ја уништи серијата „Пријатели“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гантер од „Пријатели“ има рак во напредна фаза

Ана Ололовска

Анистон откри дека била „крадливката“ меѓу „Пријателите“

Ана Ололовска

„Пријатели“ се враќаат на 27 мај

(ВИДЕО) Рос: Продолжението на „Пријатели“ би се снимало во карантин

Ана Ололовска

Американците во текот на карантинот најмногу гледале „Пријатели“

Ландов