ВИДЕО: Французин тргна на пловидба преку Атлантикот во буре

Од:

Авантуристот Жан-Жак Савин (71) од Франција има намера да го преплива Атлантскиот Океан во портокалова дрвена капсула во облик на буре, користејќи ја само моќта на морските струи.

Почетната точка е Ел Хиеро на Канарските Острови, а Савин се надева дека ќе стигне до Карибите за три месеци. Во „капсулата“ има кревет за спиење, кујна и мал магацин. Сѐ она што е поврзано со патувањето ќе се објавува на неговата Фејсбук страница, а најновата порака е дека бурето „се однесува добро”.

Савин ќе поставува и маркери на својата рута за да им помогне на океанографите при проучувањето на атлантските струи.

Пловилото е долго три метри, широко 2,1 метар и има шест квадратни метри простор за престој, како и за прослава на новогодишната ноќ и на неговиот 72. роденден на 14 јануари.

Савин е поранешен воен падобранец, а работел и како пилот. Неговиот буџет од 60.000 евра беше собран од доброволни прилози.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска