Американската компанија Волт Дизни Паркс енд Ресортс планира изградба на хотел „Стар варс“, во кој посетители ќе можат да уживаат во целосното доживување на животот во вселената.
Во оној момент кога „ќе ја напуштат Земјата“ гостите во овој хотел ќе можат да го искусат вистинскиот свет на епската филмска сага „Војната на ѕвездите“, да разговараат со познатите ликови и да ги доживеат нивните авантури.
Хотелот би требало да биде сместен во идниот тематски забавен парк „Star Wars: Galaxy’s Edge“ во Орландо на Флорида, кој Дизниленд планира да го отвори во 2019 година. Посетителите во паркот ќе имаат прилика да управуваат со познатиот вселенски брод „Millenium Falcon“.
– Од првиот момент кога ќе стигнете во паркот, ќе станете дел од Стар Ворс авантурата. Веднаш ќе станете жител на галаксијата и ќе искусите се што се бара од вас, вклучувајќи и облекување во соодветна облека. Ова не наликува на ништо што досега постои, изјави претседателот на Волт Дизни Парк енд Ресортс, Боб Чапек.
Тој појаснува дека гостите нема да бидат само обични посетители, туку секој кој ќе влезе во хотелот и паркот на Стар Варс ќе стане дел од единственото патување во галаксијата.
– Ова е нешто најамбициозни што досега сме го изградиле, додаде Чапек.