ВИДЕО: Еден од најпознатите турски кошаркари ужива во родниот Охрид

Од:

Џеди Осман, еден од најдобрите турски кошаркари, одморот меѓу двете НБА сезони го искористи за да го посети родниот Охрид, каде што е роден во април 1995 година.

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс го поминува својот одмор со девојка, познатата турска актерка Ебру Шахин, која на социјалните мрежи сподели видео од забава во Охрид.

Осман и Шахин се во друштво на пријателите и семејството, а во позадина се слуша „Миљачка“ од Халид Бешлиќ.


Ова и не е толку чудно бидејќи Осман своето детство го поминал на овие простори, бидејќи е роден во Охрид од татко Турчин и мајка Србинка од Нови Пазар.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он