Овој аеродром се наоѓа на островот Света Елена во Атлантскиот Океан, четири илјади километри источно од Рио де Женеиро и 1.950 километри западно од брегот на Намибија.
Во неговата изградба се вложени околу 330 милиони евра, но од отворањето во јули 2016 година па се до 3 мај 2017 година на островот не слетал ниту еден комерцијален авион.
Причината се многу силните ветрови кои константно дуваат преку пистата и поради кои патничките авиони не можат безбедно да слетаат. Авионот на компанијата СА ерлинк кој на летот од Кејптаун пренесе 60 патници успеа да слета минатата недела.
Локација за аеродорм била избрана уште во почетокот на оваа деценија, а изградбата почна во 2011 година и покрај извештајот од 2005 година во кој метеоролошката служба заклучи дека постои голем ризик од силни ветрови на локацијата.
Инаку, најпознатиот жител на овој остров бил Наполеон Бонопарта, кој бил во затвор среде Атлантикот ги минал последните шест години од животот.