ВИДЕО: Песна за Груевски од хрватските новинари

Од:

Познатите хрватски новинари и писатели Предраг Луциќ и Борис Дежуловиќ, некогашни уредници во култниот весник „Ферал трибјун“ кој излегуваше во периодот кога Туѓман беше на власт, испратија своја порака со чаша македонско вино во рацете, порачувајќи му на Груевски дека е време да поднесе оставка, пеејќи ја „Песната за Груевски“.

Нив им се придружи и легендарниот Карпо Година како режисер на ова кратко видео.

Песма Груевског

од Предраг Луциќ

Дај да шпијам, мила мајко,
Да шпијунирам,
Гласовите, мила мајко,
Да архивирам.

Како што е златан Ролекс
Полно с часови,
Тако е и мојто Ај-Фон
Полно с гласови.

Снимам, мајко, дипломати,
Опозиција…
Мојто Ај-Фон секој прати
Ко полиција.

Како што е мојто Ај-Фон
Полно с клипови,
Тако е и мојто Скопје
Полно с кипови.

Каде встанат против мене
Разни протуви,
Има да ме бране, мајко,
Коњски статуи.

Како што е ова чаша
Полна с мастика,
Тако е и мојто Скопје
Полно с антика.

Дај да пијам, мила мајко,
Да се опијам,
Демонстранти, мила мајко,
Да заборавам.

Да си земам, мила мајко,
Пушка берданка,
Да на градот Куманово
Правам стрељанка.

Ни да шпијаш, мили сине,
Фајда си нема,
Ни да земаш, мили сине,
Пушка берданка.

Фајда има, мили сине,
Роди те мајка,
Фајда, сине, има само
Твоја оставка.

Би можело да ве интересира

Протест во Подгорица против владината најава да ја поддржи Резолуцијата за Сребреница во ОН

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа