Дваесетгодишната Катарина Милјорини од Бразил одлучи да покрене онлајн аукција, за да собере пари за изградба на куќа во сиромашните делови на својата земја. Наместо уметнички дела и други скапоцени работи, девојката на продажба го стави она што е можеби највредно-нејзината невиност.
Во текот на изминативе недели Бразилката ја нудеше својата невиност преку интерент на сајтот “Virginswanted.com.au”, на оној што ќе понуди најмногу пари.
Аукцијата заврши вчера а можност да легне со атрактивната студентка има Јапонецот кој се потпишува како Натсу.
Тој понуди неверојатни 780.000 долари и ги надмина сите понуди на учесниците на аукцијата.
Првото сексуално искуство на студентката по физичко воспитување ќе биде забележано со камери.
Австралискиот режисер Џастин Сисли планира да сними документарен филм “Vigrins Wanted”,во кој Катарина и Натсу ќе имаа секс во авион.
„Тоа за неа претставува чисто деловна одлука“, рече Сисли во разговор за “Hafington Post”.