Јапонската војска на 23 февруари 1942 година изврши напад на нафтеното поле Елвуд во близина на Санта Барабара во Калифорнија. Тоа се случи три месеци по нападот на Перл Харбор.
Многу необичен инцидент се случи ден после нападот на Елвуд, а познат е под името „Воздушен напад на Лос Анџелес“.
Алармите низ градот беа активирани поради наводен непријателски напад, додека американската противвоздушна одбрана реагираше со масовно пукање.
Во текот на вечерта кон небото над Лос Анџелес биле истрелани околу 1400 гранати.
Најпрво се сметало дека пукањето е одговор на напад на јапонски авиони, но на конференцијата за медиумите после случката секретарот на американската морнарица, Франк Кнокс го опиша инцидентот како „лажна тревога“.
Сепак врз основа на фотографиите објавени во „Лос Анџелес Тајмс“ на 26 февруари 1942 година, уфолозите широм светот поставиле своја теорија дека американската војска не пукала на јапонските бомбардери, ниту на метеоролошки балони туку станува збор за вонземјани.
Уфолозите уште се држат до тврдењето дека фотографиите и видеото јасно покажуваат дека рефлекторите се фокусирани на НЛО.