ВИДЕО: Билал Хасани ќе ја претставува Франција на Евровизија

Од:

Билал Хасани, кој стана феномен за неколку недели со своите перики и шминка, ќе ја претставува Франција во мај на конкурсот за песна на Евровизијата, откако синоќа победи во финалето на „Дестинација Евровизија” со неговата песна „Roi” (Крал), испеана во живо на јавниот телевизиски сервис Франс 2.

– Ви благодарам, ви благодарам, ви благодарам. Вие не можете да разберете колку ќе ми помогнете да ми се исполни сонот, изјави Билал Хасани пред да и се обрати на публиката.

https://youtu.be/tCJRigN2DmI

– Јас ќе ја претставувам Франција на Евровизија, нагласи тој.

Билал Хасан е млад човек на возраст од 19 години, кој, за поголемиот дел од француската јавност беше целосно непознат до пред десет дена.

Во 2015 година, учествувал во шоуто „Глас на деца“. Во тоа време тој сè уште не ги депилираше веѓите и уште не го имаше „поправено“ носот.

После тоа, тој го отвори својот канал на Јутјуб. Видеата што ги направи, секоја недела ги гледаа стотици илјади лица, а понекогаш и милиони.

На неговите обожаватели, кои ги нарекува „сестри”, младиот видеограф го раскажува својот живот, со подеми и падови.

Неговите разведени родители, со марокански потекло и специјалисти по информатика, тој го објаснува неговиот изглед, неговите начини на дива, задоволството да се шминка, ставајќи здолништа и перики кои ги именово… Неонски розовата е Сакура, зелената Верона… Што се однесува до Сторми тоа е платинска руса коса која го прави да изгледа како Лејди Гага.

На своите „сестри“ им ја раскажува неговата приказна; пијано, танц, театар, англиски на Сорбона, исклучување од католичкото училиште кога дирекцијата открива дека е хомосексуалец.

Тој е следен во метрото, „трауматично искуство”. И, редовно, тој и оддава почит на неговата мајка, која секогаш му дозволуваше да се облекуваат како што сакаа. Тој живее со неа, заедно со неговиот постар брат, во регионот на Париз. Неговата мајка, го родила со песна на Бијонсе, по што таа станала еден од неговите идолите.

Конкурсот за избор на француска песна за Евровизијата, го стави на медиумската сцена. Поканите и гостувањата стигнуваа од сите француски медиуми .Но неговата популарност предизвика и да биде мета на навреди и на омраза на социјалните мрежи. Го нарекуваат со сите имиња; „лудак”, „штетник”, „валкано копиле”, „чума на човештвото”. Му посакувате да страда и ја посакуваат неговата смрт. Со куршуми. Добива закани со смрт. Малтретирањето на интернет се интензивираше откако се вклучи во трката за Евровизија … Некои одбиваат, велат тие, да видат „еден араб хомосексуалец кој ги носи боите на Франција“.

Но засега никој не успеа да му ја отстрани насмевката на Билал Хасан, кој знае дека е сакан од другите, од еден дел од француската младина. И посакуван, многу, од страна на голем број на издавачки куќи кои во него гледаат француската верзија на Кончита Вурст.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток