Основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс при неговото гостување во ток-шоуто „Елен шоу“ доби задача да погодува колку чинат секојдневните предмети.
Условот на играте беше доколку тој ги погоди цените на три од барем пет производи, публиката во студио ќе добие награда.
Гејст призна дека не се сеќава кога последен пат бил во супермаркет, што можеше да се забележи и од неговите одговори.
Сепак, со помош на публиката и водителката Гејтс успеа да освои награда за сите присутни во студиото.