ВИДЕО: Белграѓани со песна и свеќи се простуваат од Балашевиќ, скопјани вечерва во негова чест пред Универзалната сала

Од:

Ѓорѓе Балашевиќ си замина засекогаш, а колку тој беше важен сведочат илјадниците кои се збогуваат од него на плоштадите во Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево, а најавен е собир и во Скопје.

Оние кои ги сакаа неговите песни се собраа на плоштадот пред Комбанк салата каде тој го одржа неговиот последен концерт во Белград.

Плоштадот е претесен за сите кои дојдоа да се простат од него и да запалат свеќа.

На социјалните мрежи веднаш по објавувањето за неговата смрт, беа организирани собири во негова чест.

Најавен е собир вечерва во 19 часот пред Универзалната сала во Скопје.

„Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда“, пишува во најавата за настанот во Скопје на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Ѓорѓе Балашевиќ го пријави сопругот за семејно насилство

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници

Ана Ололовска

Во Подгорица отворен парк посветен на Балашевиќ

Во Тузла инспекција ја тргна плочката со името на Балашевиќ од мост, граѓаните ја вратија

Жарко Настоски

„Има да се усвои“: жителите на Тузла самите именуваа мост по Ѓорѓе Балашевиќ

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Погребан Балашевиќ: Панонскиот морнар испратен со омилената песна

Ана Ололовска