Вирот Ковао дос Кончос на планината Сиера де Естрела во Португалија повеќе од 60 години зачудува, но и фасцинира со својот изглед. Изгледа како премин во светот под површината, а оваа е приказната за него.
Иако има изглед на врата, која води во друг свет, треба да се напомене дека сепак тој не е чудо на природата, туку дека настанал со човечка работа и влијание.
Ковадо дос Кончос е дел од хидроелектрана изградена во 1955 година и всушност служи за „смукање“ на водата од езерото до браната Лагоа Комприда.
Иако природата не го создала тоа не е причина да му се воодушевуваме. Тоа сфатиле и голем број туристи планинари, кои и покрај тешкиот пат, кој води до него, не се откажуваат од намерата да го видат, а пред и вие да го посетите уживајте во кадрите во снимките од воздух на овој несекојдневен феномен.