ВИДЕО: Анѓелка Прпиќ направи музеј од својот дом

Од:

Глумицата Анѓелка Прпиќ, нам позната по српската хумористична серија „Андреја и Анѓелка“, како и епизодната улога во „Преспав“, во ова време на изолација, од својот дом направи интернет-музеј.

Со тоа, како што самата вели, сакала да го исполни времето и на своето семејство, и на своите обожаватели. Поставката е инспирирана од татко ѝ Владимир Прпиќ, кој се занимава со уметност, а себеси се нарекува „наивниот уметник“.

Проектот е насловен „Наивниот дедо”, а пак, „кустос“ на изложбата е нејзиниот син првоодделенец Јакша оти тој минува најмногу време со својот дедо.

– Никогаш немаме доволно време за нештата што ги планираме, ги сакаме некако за себе, но и за луѓето околу нас. Па, размислував како би било убаво – на дедото на Јакша, нашиот Владимир, да му организираме изложба, затоа што мислам дека тоа што тој го работи е одлично и професионално, иако сам себе се нарекува „наивен уметник“. Мене ме инспирираа она што сме го виделе во француски Лувр и српскиот Народен музеј. Па, помислив – зошто да не!?, раскажува Анѓелка за српската 1ТВ.

Таа е и продуцент на оваа своевидна интернет-емисија, но и организатор на сѐ што е проследено со тоа.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска