Компанијата „Амазон“ отвори нов вид на супермаркет во кој што не постојат каси, а плаќањето се врши автоматски од вашиот електронски паричник по напуштањето на продавницата.
Кога клиентот ги зема производите од полицата тие се забележуваат од камерите, по што може слободно да се излезе од маркетот без никакво задржување. Трошоците автоматски ќе се забележат и наплатат од вашата сметка.
Ваквиот маркет, наречен „Амазон Гоу“ е отворен неодамна во Сиетл.
„Амазон“ го најави овој маркет како „паметна“ продавница, но потрошувачите сепак не гледаат некоја голема разлика во споредба со другите маркети.