Бразилската манекенка Адриана Лима се засрами за време на интервјуто за HuffPost Live кога водителот рече дека била најпознатата девица на светот.
Убавата Бразилка беше затекната од прашањето како одлучила да биде невина до бракот. Таа започна да се смее и го праша водителот:
„Навистина ќе збориме за тоа? Така зборуваш ти со девојките? Црвенеам поради тебе. Јас сум срамежлива“ и дополни дека тоа била нејзина одлука и дека секој треба да се држи до она во што верува, а таа сакала да влезе невина во брак.
Водителот подоцна призна дека, како и милион други мажи во светот, е љубоморен на нејзиниот сопруг Марко Јариќ.