Vibrazioni by Александра Митковска – Belgrade Fashion Week

Од:

Македонската дизајнерка Александра Митковска во петокот, 26 октомври, настапи на отворањето на 32-то издание на Белградска модна недела, како дел од проектот „Зона 45“. Под етикетата Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska таа ја претстави колекцијата „Пластичен свет“ наменета за сезоната пролет-лето 2013, а премиерно прикажана на Моден викенд.

Ова е вторпат Митковска да се претставува во Белградската модна недела, а на минатото ја доби наградата за најдобар млад дизајнер.

„Ревијата беше одлична. Го сакам секое издание на Белградската модна недела. Претходното ќе го памтам по наградата за најдобар млад дизајнер, а овојпат ми е мило што имав прилика да учествувам заедно со најдобрите регионални модни дизајнери во создавањето на „Зона 45“.

– Проектот е одлична идеја на организаторот да ги спои сите личности од светот на модата од регионот, како би можеле заедно да постигнеме и покажеме многу повеќе“, вели Митковска.

Митковска својата последна колекција ја претстави во рамките на програмата „Зона 45“, во заедничка ревија со уште неколку успешни дизајнери од регионот, како на пример Ивана Пиља од Србија, Link by Ogi Antunac + Zoran Mrvoš од Хрватска, Ивана Мирушуќ од Црна Гора, Зоран Гаревски и Петер Морвин од Словенија и други.

„Секогаш имаме големи очекувања на отворањето на модна недела, а јас мислам дека овојпат со овој избор на дизајнери тие се сосема оправдани. Сè помина во најдобар ред благодарение на квалитетната организација, а ваквиот настан покажува дека Белград е регионален центар на модата“, смета дизајнерката.

Триесет и второто издание на Белградска модна недела (Belgrade Fashion Week) во организација на модното студио „Клик“ на Ненад Радујевиќ започнаво петокот во центарот „Белекспо“, а под мотото „Силата на креативноста“ на преку дваесет модни ревии, изложби и настани ќе се претстават преку 70 модни дизајнери и автори.

[nggallery id=31]

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски