Американскиот рапер и моден дизајнер Кање Вест изјави дека му бил дијагностициран аутизам, откако лекарите претходно погрешно му дијагностицирале дека боледува од биполарно растројство.
Вест, кој сега се вика Је, рече дека неговата сопруга Бјанка Сенсори предложила повторно да му се постави дијагноза.
„Отидов кај овој доктор… Мојата сопруга ме зборуваше за тоа затоа што рече: „Нешто во врска со твојата личност не изгледа како биполарно“… И дознав дека всушност е случај на аутизам што го имам“, рече раперот во интервјуто со Џастин Лејбој за подкастот „The Download“, пренесува Гардијан.