Венецијански фритули

Од:

Совршени слатки пржени колачиња …

Потребно е:
200 гр меко брашно
1/4 лажичка каранфилчиња
1/4 лажичка цимет
50 гр суво грозје
150 гр јаболки, изрендани
прстофат сол
150 мл млеко
20 гр свеж квасец
јајце
60 гр шеќер
масло за пржење

за посипување:
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица шеќер во прав

Подготовка:
– Ставете го квасецот во малку млако млеко со малку шеќер и оставете го на топло за да стаса (околу 10 минути).

– Во подлабок сад изматете ги јајцата и шеќерот со миксер и додадете го брашното измешано со прстофат сол, цимет и каранфилчиња. Убаво изматете за да добиете хомогена смеса.

– Додадете изрендано јаболко и суво грозје и измешајте со лажица. Оставете ја оваа смеса да отстои 20-тина минути.

– Земајте со лажица од смесата и ставете да се пржат во врело масло.

– Пржените фритули ставете ги на хартиени салфетки за да го впијат вишокот маснотија.

– Посипете ги со мешавина од ванилин шеќер и шеќер во прав.

Совет: Ако сакате поароматични фритули додадете повеќе цимет и каранфилчиња.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска