Венеција не ги сака моторните чамци низ каналите

Од:

Градските власти во Венеција во недела ќе го забранат пловењето со глисери, чамци и баржи низ еден од главните пловни патишта во градот.

Оваа еднодневна забрана за пловење на „Големиот канал“ на неколку часа целосно ќе го исчисти пловниот пат од вообичаениот сообраќај, а цел на акцијата е да се укаже на еколошките проблеми и да се забрза пронаоѓањето почисти и потивки начини на воден транспорт во Венеција.

-Оваа акција треба да ја зголеми свеста на луѓето за загадувањето и да помогне за користење на електричните или хибридни видови чамци, соопшти претставникот за печат на градското собрание.

Акцијата е симболично поврзана со некогашниот епитет на Венеција „Ла Сереничима“, што повремено е користен за градот да се опише како „спокоен и мирен“.

Овој опис целосно му одговараше на тогашниот изглед на Венеција: прекрасно место и околина со градби што се наоѓаат во хармонија со тишината, мирот и убавината на каналот.

Денеска, меѓутоа, Венеција тешко може да се спореди со некогашниот изглед на питомо и мирно место, заради стотината илјади туристи кои го посетуваат овој единствен град на вода, како и речиси 7.000 регистрирани моторни чамаци кои пловат по каналите. Моторните чамци денеска се составен дел од животот на повеќето Венецијанци, се користат и во комерцијални цели за превоз на туристи, па понекогаш вревата за жителите од овој град станува неиздржлива.

Освен тоа баржите и теретните бродови ја загадуваат водата и испуштааат издувни гасови и прават бранови што ги оштетуваат ѕидовите на древните градби што се наоѓаат во каналот.

Заради сето ова градските власти сакаат постепено да се премине на алтернативни начини на превоз, како што се чамци на електричен погон, а веќе се направени студии што оваа промена би требало да ја направат што полесна.

Како почетак на кампањата за поздрав живот во Венеција, властите во недела организираат парада на чамци со весла, додека за вообичаените моторни облици на воден транспорт во каналот ќе се забрани спобраќајот.

Организаторите и политичките партии во Венеција застанаа зад акцијата, напоменувајќи дека тоа ќе биде само почеток за враќање на „мирната Венеција“ во секојдневниот живот на нејзините жители.

-Се надеваме дека со оваа наша акција повеќето жители на Венеција ќе сфатат колку поубав би можел да биде нашиот град доколку од него ги протераме гласните чамци и бродови, рече Паоло Ламапо од организацијата „Италија Ностра“, која се занимава со конзервација и чување на градското културно наследство.

Тие особено ја нагласуваат опасноста од издувните гасови, што доаѓаат од двотактните бродски мотори, што ги нагризуваат куќите и го забрзуваат нивното пропаѓање.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска